Како се користи прирачникот

Ова ги објаснува работите коишто треба да ги знаете за да го користите овој прирачник.

Нотации коишто се користат во прирачникот

Ова ги објаснува симболите и поставките коишто се користат во овој прирачник.

Симболи коишто се користат во овој прирачник

Во овој прирачник, објаснувањата и операциите до коишто мора да се придржувате додека го користите овој производ се претставени со симболите коишто ги означуваат следниве нешта.
ВАЖНО
Означува оперативни барања и ограничувања. Внимателно читајте ги овие ставки за да може соодветно да ракувате со производот и за да се избегне негово оштетување.
ЗАБЕЛЕШКА
Означува појаснување за операцијата или содржи дополнителни објаснувања за процедурата. Особено се препорачува да се читаат овие забелешки.
Овие икони укажуваат на функции и описи уникатни за секој оперативен систем.
ChromeOS вообичаено се смета за исто што и Android. Кога има разлики помеѓу ChromeOS и Android, се опишуваат засебно.

За поставките

Во овој прирачник, имињата на поставките прикажани во апликацијата и оперативниот систем се прикажани како во следниве наведени примери.
Пример:
[Печатење]
[OK]

Пребарување на прирачникот

Кога го пребарувате прирачникот согласно следниве методи, може да наоѓате теми коишто ја вклучуваат низата од знаци којашто ја пребарувате.
Допрете на картичката [] во алатникот → внесете ја низата за пребарување → допрете [].
Во прикажаниот список со резултати од пребарувањето, допрете на насловот од темата којашто сакате да се прикаже.
Може да го стесните опсегот на теми за пребарување со методот на наведување конкретни зборови за коишто сакате да се изврши пребарување.
За пребарување теми коишто ги вклучуваат сите зборови (AND пребарување)
Внесете повеќе зборови одделени со празни места.
За пребарување теми коишто вклучуваат фраза (пребарување фрази)
Внесете фраза затворена во двојни наводници ("").

Авторски права

Copyright CANON INC. 2025
Ниту еден дел од ова издание не смее да се репродуцира, пренесува, транскрибира, складира во систем за пребарување или да се преведува на кој било јазик или компјутерски јазик во која било форма или на каков било начин, електронски, механички, магнетно, оптички, хемиски, рачно или на друг начин, без претходна писмена согласност на Canon Inc.

Заштитни знаци

Android и ChromeOS се заштитни знаци на Google LLC.
iPadOS, iTunes и Safari се заштитни знаци на Apple Inc.
iOS е заштитен знак или регистриран заштитен знак на Cisco во САД и во другите држави и се користи со лиценца.
Сите имиња на брендови и имиња на производи коишто се појавуваат во овој документ се регистрирани заштитни знаци или заштитни знаци на соодветните сопственици.
All other trademarks are the property of their respective owners.

Поврзани теми