Снимање слики со фотоапаратот

Користете го фотоапаратот за снимање фотографии и увезете ги во оваа апликација во PDF формат. Можете да ги отсекувате и да го коригирате изобличувањето на сликата пред да извршите конверзија во PDF. Исто така, можете да коригирате и конвертирате слики зачувани во фотоалбумите во PDF документи.

Процедури

1.На почетниот екран на Canon PRINT Business, допрете на [Capture] (снимање).
2.Увезете ја сликата.
Кога снимате фотографија со фотоапаратот
Снимете фотографија од документот што сакате да го снимите во рамките на границите. Ако границите не се прикажани, допрете [] за да ги прикажете.
Кога увезувате слика од фотоалбумите
Допрете [] и изберете слика од фотоалбумите.
3.Изберете го потребниот дел од сликата на екранот [Correct Distortion (Trapezoid)] (коригирај дисторзија (трапезоид)).
Приспособување на границите
[]/[]:
Со допирање на [] ќе ја изберете целата област. Со допирање на [] областа се поставува автоматски.
[]/[]:
Со поместување на []/[] може рачно да ја приспособите областа.
Избирање на вертикален/хоризонтален сооднос
[Auto] (автоматски)/[A4]/[LTR]:
Избраниот дел од сликата е коригиран за да соодветствува на избраниот сооднос за висина/ширина.
4.Допрете на [Next] (следно).
5.Коригирајте ја сликата на екранот [Image Processing Mode] (режим за обработка на слики).
[]:
Ја ротира сликата во лева насока.
[Paper] (хартија):
Режим којшто е соодветен за снимање на оригиналната хартија.
[Whiteboard 1] (бела табла 1):
Режим којшто е соодветен за снимање слики на белата табла. Ви овозможува да ги отстраните сенките, неправилностите и одразите.
[Whiteboard 2 (Thick)] (бела табла 2 (широка)):
Режим којшто е соодветен за снимање слики на белата табла. Ви овозможува не само да ги отстраните сенките, неправилностите и одразите, туку и да ги коригирате матните букви и редови.
[Off] (исклучено):
Не се извршува коригирање.
6.Допрете на [Store] (складирај).
Изберете стапка на компресија.
Ќе се прикаже преглед од зачуваниот PDF документ.
ЗАБЕЛЕШКА
Во случај на [Whiteboard 1] (бела табла 1), матните букви и редови може да се разделат.
[Whiteboard 2 (Thick)] (бела табла 2 (широка)) не може да ги коригира сите матни букви и редови.

Поврзани теми