Ставки што може да се постават со функцијата за печатење
[Output Method]
Изберете излезен метод за печатење податоци.
[Print]: Овозможува стандардно печатење.
[Store]: Ги складира податоците од печатењето во поштенското сандаче на уредот.
[Secure Print]: Можете да додадете PIN во податоците за печатење и да ги зачувате во уредот. Оваа функција е практична кога сакате да печатите доверливи документи.
[User Name]: Го прикажува корисничкото име за печатењето. Корисничкото име можете да го промените ако го допрете.
[Domain Name]: Го поставува името на доменот на корисникот. Ако не ви треба име на домен за печатењето, тогаш оставете го полето празно. Ако не знаете кое е името на доменот, обратете се кај администраторот на уредот.
[Authentication Mode]
Може да управувате со печатењето преку функцијата за управување со ID на одделот или со функцијата за проверка на идентитетот на корисникот.
[Off]: Управувањето со корисниците не се извршува.
[Dept. ID Mgt.]: Ги поставува информациите за управување со ID на одделот.
[User Authentication]: Ги поставува информациите за проверка на идентитетот на корисникот.
ЗАБЕЛЕШКА |
Ако користите сервер за печатење (рачно регистриран печатач) како излезна дестинација, [User Authentication] нема да се прикаже, дури и ако печатачот со дестинациите за печатење поддржува проверка на идентитетот на корисникот. |
[Output Size]
Изберете ја големината на хартијата врз која ќе се печати.
Ако ја поставите функцијата [Minimize Margins and Print] како [On], тогаш ќе го проширите регионот за печатење до рабовите на хартијата. Во зависност од содржините на отпечатените податоци, дел од податоците на рабовите можат да се загубат при печатењето. Минималната ширина на маргините се разликува во зависност од моделот ан уредот.
ЗАБЕЛЕШКА |
При директно печатење PDF документи*, маргините секогаш се поставени на минимална вредност, независно од поставките за [Minimize Margins and Print]. * [ /b_drv_PDF_icon_C.jpg) ] се прикажува на екранот [Select Printer] за компатибилни уреди за директно печатење PDF. |
[Copies]
Поставете го бројот на копии што ќе се печатат.
[Print Range]
Поставете го опсегот на страници што ќе се печатат.
[Paper Source]
Изберете [Auto] (ги користи поставките за уредот) или [Tray].
ЗАБЕЛЕШКА |
Изворот на хартија можно е да може да биде избран, во зависност од уредот што го користите. |
[Select Color]
Овозможува избор помеѓу печатење во боја и печатење со сиви тонови (црно-бело). Изберете [Auto] за стандардни ситуации.
[2-Sided]
Овозможува избор помеѓу 1-страно и 2-страно печатење. Кога се врши 2-страно печатење, може да ја наведете и локацијата за спојување.
ЗАБЕЛЕШКА |
Кога печатите од двете страни на хартијата со големина A5/B5, во зависност од уредот што го користите, ќе можете да печатите само од едната страна. |
[Staple]
Ви овозможува да изберете дали страниците ќе се захефтуваат.
ЗАБЕЛЕШКА |
Во следните случаи, хартијата може да не се захефта на соодветните места. Кога печатите датотека скенирана од оригинален документ во хоризонтална ориентација. Кога печатите датотека скенирана со поставката [2 on 1]. Во зависност од завршната обработка којашто ја користите, може да поставите и Eco (Staple-Free). Но, ако наведената големина на хартијата не е поддржана од Eco (Staple-Free), хартијата ќе се обработи без Eco (Staple-Free) и ќе се прикаже порака за грешка на уредот. |
[2 on 1]
Ви овозможува да изберете дали ќе се печатат две страници на еден лист хартија.
[Image Quality]
Менува помеѓу [Standard] и [High Quality].
ЗАБЕЛЕШКА |
Достапните поставки се разликуваат во зависност од моделот на уредот. Ако поставите функции кои не ги поддржува уредот што го користите, поставките нема да се применат. Кога уредот поддржува собирање информации за конфигурацијата, доколку ја користите функцијата [Select Printer] > [Printer Details] > [Update Printer Information], може да ги прикажете елементите коишто соодветствуваат на функциите од уредот на екранот [Print Settings]. |