Ограничувања за прегледување и печатење документи

Доколку ја активирате оваа апликација од други апликации и печатите документи кои не се PDF датотеки, оваа апликација може да не се активира правилно, а можно е датотеките да не може да се прегледуваат или отпечатат исправно.
Microsoft Office датотеки
Кога печатите Microsoft Office датотеки, со извршување на корекција на распоредот преку Data Conversion Service, може да ја отпечатите датотеката со нејзиниот оригинален распоред.
PDF датотеки
Конвертирајте ја датотеката во PDF и отпечатете ја. Доколку користите специјални фонтови, овозможете го поставувањето за вметнување фонтови при конвертирање во PDF.
Ако се користи ниво на шифрирање кое iOS не го поддржува, како што е 256-битно шифрирање или шифрирање со дигитален сертификат, тогаш нема да може да печатите PDF документи со Canon PRINT Business.
Во тој случај ќе се прикаже порака која ќе ве извести дека датотеката не може да се отвори. За да печатите со Canon PRINT Business, изменете го нивото на шифрирање на PDF документот преку компјутер.
Екранот [Preview] (преглед) може да не се прикаже како што треба за PDF датотеки со функцијата за анотирање.