Податоците не се отпечатени во согласност со поставките за печатење
Доколку уредот којшто го користите не ги поддржува функциите прикажани на екранот [Print Settings], тие поставки нема да се применат.
Доколку функциите не се поддржани од уредот кој го користите, се извршува следната операција.
[Output Method] > [Save]
За уреди кои не поддржуваат складирање во поштенското сандаче на корисникот, се извршува нормално печатење.
[Output Method] > [Secure Print]
За уреди кои не ја поддржуваат функцијата Secure Print, се извршува нормално печатење.
[Dept. ID Mgt.] > On
За уреди кои не ја поддржуваат функцијата управување со ID на оддел, се извршува нормално печатење.
ЗАБЕЛЕШКА |
За да ја користите функцијата управување со ID за оддели, потребно е да ја овозможите функцијата управување со ID за оддели на уредот. За повеќе детали проверете во прирачниците кои се испорачани со уредот. |
[Output Size]
Доколку наведете големина на хартија која не е поддржана од уредот, задачите за печатење се печатат на друга големина на хартија, или пак на контролниот панел од уредот ќе се прикаже порака за потврда на хартијата.
[Select Color] > [Color]
За уреди кои не поддржуваат печатење во боја, поставките не се применуваат и задачите за печатење се печатат во црно-бел формат.
[2-Sided] > On
За уреди кои не поддржуваат 2-страно печатење, поставките не се применуваат и задачите за печатење се печатат на една страна од листот.
[Staple] > On
За уреди кои не поддржуваат единица за захефтување, поставките не се применуваат и задачите за печатење се печатат без захефтување.
Дури и ако користите уред со прикачена единица за завршна обработка која поддржува захефтување, за големина на страница која не е LTR или A4, задачите за печатење може да се извршат без захефтување.
ЗАБЕЛЕШКА |
Прикажаните поставки се разликуваат за секој уред. Кога уредот поддржува собирање информации за конфигурацијата, доколку ја користите функцијата [Select Printer] > [Printer Details] > [Update Printer Information], може да ги прикажете елементите коишто соодветствуваат на функциите од уредот на екранот [Print Settings]. Доколку информациите за конфигурацијата на уредот не може да се добијат, сите елементи ќе се прикажат на екранот [Print Settings]. |