Воспоставување директна врска преку Bluetooth

Режимот за директно поврзување на уредот се активира од мобилниот терминал преку Bluetooth и овозможува директно поврзување со уредот. Можете да се поврзете директно преку мобилниот терминал без директно ракување со уредот.

Предуслови

Уредот што го користите е компатибилен со функцијата за директно поврзување.
Во уредот е инсталирана опција која е компатибилна со Bluetooth-и која може да ја користите.
Bluetooth се вклучува во поставките за уредот којшто го користите.
Bluetooth се вклучува во поставките на мобилниот терминал.
[App Settings] (поставки за апликацијата) > [User Information] (кориснички информации) е поставено.
Но, [Log in as Guest user] (пријави се како гостин) треба да се деактивира.
Информациите за локацијата се вклучуваат во поставките на мобилниот терминал.

Процедури

1.Допрете на [Other Functions] (други функции) на почетниот екран од Canon PRINT Business.
2.Допрете на [Direct Connection] (директно поврзување).
3.Допрете на [Connect] (поврзи се).
4.На екранот [Nearby Printers] (печатачи во близина), допрете го уредот што го користите.
Доколку не се открие уредот
Поместете се на локација каде што ќе може да го видите уредот и допрете [Search] (пребарај). Проценетото растојание на кое може да се откриваат уреди преку Bluetooth изнесува 2 m/80 inches.
Ако се прикаже екранот на функцијата [Usage] (користење)
Внесете го PIN кодот според инструкциите на екранот и регистрирајте (спарете) го уредот во мобилниот терминал како уред поврзан преку Bluetooth.
Ако се прикаже екранот на функцијата [Adjust Sensitivity] (приспособи чувствителност)/[Adjust Sensitivity for Login] (приспособи чувствителност за пријавување)
Приспособувањето на чувствителноста на Bluetooth е потребно за мобилниот терминал што го користите. Приспособете ја чувствителноста според инструкциите на екранот.
5.Кога ќе се прикаже порака што ќе ве извести за завршувањето на директното поврзување, допрете [OK] (во ред).

Резултат

Мобилниот терминал е поврзан со избраниот уред. Функцијата [Direct Connection] (директно поврзување) ќе се прикаже под иконата на уредот во горниот дел на почетниот екран.
За исклучување на директната врска, допрете [End] (крај) на екранот на [Direct Connection] (директно поврзување).

Поврзани теми