Како да го прикажете екранот [Printer Details] (детали за печатачот)

Можете да погледнете детални информации за уредот.
Го прикажува статусот на уредот, [Printer Name] (име на печатач), [Product Name] (име на производ), [IP Address] (IP адреса), и [MAC Address] (MAC адреса).
[Update Printer Information] (ажурирање на информациите за печатачот)
Оваа функција се прикажува кога уредот поддржува зачувување на информации за конфигурацијата. Таа ги зачувува информациите за уредот и го прикажува следното на екранот [Print Settings] (поставки за печатење), во зависност од функциите кои се инсталирани и поддржани на уредот.
[Output Method] (излезен метод) > [Secure Print] (безбедно печатење), [Save] (зачувај)
[Authentication Mode] (режим за проверка на идентитет)
[2-Sided] (2-страно)
[Staple] (захефтување)
Информациите вообичаено се зачувуваат и применуваат на екранот [Print Settings] (поставки за печатење) кога уредот е регистриран. Користете ја оваа функција во следните случаи.
Информациите за конфигурацијата на уредот не можат да се зачуваат при регистрирање на уредот.
Ако опциите на уредот се променат по регистрацијата.
ЗАБЕЛЕШКА
Доколку информациите за конфигурацијата на уредот не може да се добијат, сите елементи ќе се прикажат на екранот [Print Settings] (поставки за печатење).
[Port Settings] (поставки за портата)
Можете да го поставите името на редот за чекање и видот на портата за печатачи на уредот.
[Print Options] (опции за печатење)
Овозможува вклучување и исклучување на функцијата за директно печатење на PDF документи, кога печатите PDF датотека од уред компатибилен со директно печатење на PDF документи.
[Remove from List] (отстрани од списокот)
Ви овозможува да избришете прикажан уред од списокот [Select Printer] (избери печатач) на екранот.
[Remote UI] (далечински кориснички интерфејс)
Може да прикажете Remote UI за уредот. Кога ќе се прикаже пораката [Check the details using the Remote UI.] (Проверете ги деталите со помош на далечинскиот кориснички интерфејс.) во [Scanner] (скенер)/[Printer] (печатач), допрете на [Remote UI] (далечински кориснички интерфејс) за да ги проверете информациите.
ЗАБЕЛЕШКА
За да се вратите во оваа апликација откако ќе се прикаже Remote UI, допрете ја иконата на оваа апликација во почетниот екран на мобилниот терминал.
Во зависност од уредот, можеби нема да може да го прикажете Remote UI од мобилниот терминал. Доколку се случи ова, проверете го статусот на уредот на Remote UI прикажан од компјутерот или на контролниот панел на уредот.
Доколку Remote UI е прикажан од мобилниот терминал, можеби нема да може да користите одредени функции како што се операциите за датотеките. Доколку се случи ова, извршете ги операциите од Remote UI прикажан од компјутерот или од контролниот панел на уредот.
Ако поставките за прокси-сервер се поставени со помош на поставките за Wi-Fi на мобилниот терминал, не може да се прикаже Remote UI на регистрираниот уред со помош на Wi-Fi Direct. Во тој случај, проверете го статусот на уредот прикажан на Remote UI од компјутерот или на контролниот панел на уредот.
[Support Site] (веб-страницата за поддршка)
Ви овозможува да пристапите до веб-страница за поддршка на Canon.