Како да го прикажете екранот [Select Printer] (избери печатач)

На екранот [Select Printer] (избери печатач), може да ги проверите информациите за уредот и статусот на уредот и да го изберете уредот што сакате да го користите од списокот на регистрирани уреди.
[] (Пристапна точка)
Го прикажува статусот на безжичната LAN врска и SSID на пристапната точка. Со допирање на [] ќе се прикаже екранот со поставки за Wi-Fi на мобилниот терминал.
Список на уреди
Регистрираните уреди се прикажуваат во вид на список. Информациите и статусот на уредите можете да ги проверите преку иконата. Ако го допрете името на уредот, тогаш тој уред ќе можете да го изберете како уред што ќе се користи.
Ако ја допрете иконата за детали, ќе може да ги погледнете деталите за уредот на екранот [Printer Details] (детали за печатачот).
[]: Уреди чија максимална ширина за хартија е A4/писмо.
[]: Печатачи во боја.
[]: Црно-бели печатачи.
[]: Уреди компатибилни со директно печатење на PDF документи.*
* Уреди што се одликуваат со функција за директно печатење на PDF документи или функција за PS печатење или, пак, имаат прикачен изборен HDD, ROM или RAM
[]: Има информации од уредот.
Прикажете Remote UI од екранот [Printer Details] (детали за печатачот) и проверете ги информациите.
Бришење уред
Притиснете и задржете врз името на уредот, а потоа допрете [Delete] (избриши) во прикажаната дијалог-рамка.
[Auto Search (Wi-Fi)] (автоматско пребарување (Wi-Fi))
Овозможува автоматско пребарување уреди на мрежата со кои е поврзан мобилниот терминал.
[Manual Search (Wi-Fi)] (рачно пребарување (Wi-Fi))
Овозможува пребарување уреди со наведување на IP адреса или име на DNS (FQDN).
[QR Code] (QR код)
Ги скенира QR кодовите на уредите што можат да прикажат QR кодови и ги регистрира тие уреди.
[Nearby Printers] (печатачи во близина)
Автоматски ги открива уредите преку Bluetooth.