Ставки што може да се постават со функцијата за печатење

[Output Method] (излезен метод)
Изберете излезен метод за печатење податоци.
[Print] (печати): Овозможува стандардно печатење.
[Store] (складирај): Ги складира податоците од печатењето во поштенското сандаче на уредот.
[Secure Print] (безбедно печатење): Можете да додадете PIN во податоците за печатење и да ги зачувате во уредот. Оваа функција е практична кога сакате да печатите доверливи документи.
[User Name] (корисничко име): Го прикажува корисничкото име за печатењето. Корисничкото име можете да го промените ако го допрете.
[Domain Name] (име на домен): Го поставува името на доменот на корисникот. Ако не ви треба име на домен за печатењето, тогаш оставете го полето празно. Ако не знаете кое е името на доменот, обратете се кај администраторот на уредот.
[Authentication Mode] (режим за проверка на идентитет)
Може да управувате со печатењето преку функцијата за управување со ID на одделот или со функцијата за проверка на идентитетот на корисникот.
[Off] (исклучено): Управувањето со корисниците не се извршува.
[Dept. ID Mgt.] (ID за управување со оддел): Ги поставува информациите за управување со ID на одделот.
[User Authentication] (проверување идентитет на корисник): Ги поставува информациите за проверка на идентитетот на корисникот.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако користите сервер за печатење (рачно регистриран печатач) како излезна дестинација, [User Authentication] (проверување идентитет на корисник) нема да се прикаже, дури и ако печатачот со дестинациите за печатење поддржува проверка на идентитетот на корисникот.
[Output Size] (големина на излезен резултат)
Изберете ја големината на хартијата врз која ќе се печати.
Ако ја поставите функцијата [Minimize Margins and Print] (минимизирај маргини и печати) како [On] (вклучено), тогаш ќе го проширите регионот за печатење до рабовите на хартијата. Во зависност од содржините на отпечатените податоци, дел од податоците на рабовите можат да се загубат при печатењето. Минималната ширина на маргините се разликува во зависност од моделот ан уредот.
ЗАБЕЛЕШКА
При директно печатење PDF документи*, маргините секогаш се поставени на минимална вредност, независно од поставките за [Minimize Margins and Print] (минимизирај маргини и печати).
* [] се прикажува на екранот [Select Printer] (избери печатач) за компатибилни уреди за директно печатење PDF.
[Copies] (копии)
Поставете го бројот на копии што ќе се печатат.
[Print Range] (опсег на печатење)
Поставете го опсегот на страници што ќе се печатат.
[Paper Source] (извор на хартија)
Изберете [Auto] (автоматски) (ги користи поставките за уредот) или [Tray] (фах).
ЗАБЕЛЕШКА
Изворот на хартија можно е да може да биде избран, во зависност од уредот што го користите.
[Select Color] (избери боја)
Овозможува избор помеѓу печатење во боја и печатење со сиви тонови (црно-бело). Изберете [Auto] (автоматски) за стандардни ситуации.
[2-Sided] (2-страно)
Овозможува избор помеѓу 1-страно и 2-страно печатење. Кога се врши 2-страно печатење, може да ја наведете и локацијата за спојување.
ЗАБЕЛЕШКА
Кога печатите од двете страни на хартијата со големина A5/B5, во зависност од уредот што го користите, ќе можете да печатите само од едната страна.
[Staple] (захефтување)
Ви овозможува да изберете дали страниците ќе се захефтуваат.
ЗАБЕЛЕШКА
Во следните случаи, хартијата може да не се захефта на соодветните места.
Кога печатите датотека скенирана од оригинален документ во хоризонтална ориентација.
Кога печатите датотека скенирана со поставката [2 on 1] (2 на 1).
Во зависност од завршната обработка којашто ја користите, може да поставите и Eco (Staple-Free). Но, ако наведената големина на хартијата не е поддржана од Eco (Staple-Free), хартијата ќе се обработи без Eco (Staple-Free) и ќе се прикаже порака за грешка на уредот.
[2 on 1] (2 на 1)
Ви овозможува да изберете дали ќе се печатат две страници на еден лист хартија.
[Image Quality] (квалитет на слика)
Менува помеѓу [Standard] (стандарден) и [High Quality] (висок квалитет).
[PDF Preview Method] (метод за преглед на PDF)
Ако сакате да користите Data Conversion Service за да прегледате PDF документ, поставете [Data Conversion Service] (услуга за конверзија на податоци) на [On] (вклучено).
ЗАБЕЛЕШКА
Достапните поставки се разликуваат во зависност од моделот на уредот.
Ако поставите функции кои не ги поддржува уредот што го користите, поставките нема да се применат.
Кога уредот поддржува собирање информации за конфигурацијата, доколку ја користите функцијата [Select Printer] (избери печатач) > [Printer Details] (детали за печатачот) > [Update Printer Information] (ажурирање на информациите за печатачот), може да ги прикажете елементите коишто соодветствуваат на функциите од уредот на екранот [Print Settings] (поставки за печатење).