Не може да се прикаже Remote UI од мобилниот терминал

Во зависност од уредот, можеби нема да може да го прикажете Remote UI од мобилниот терминал. Доколку се случи ова, проверете го статусот на уредот на Remote UI прикажан од компјутерот или на контролниот панел на уредот.
Доколку Remote UI е прикажан од мобилниот терминал, можеби нема да може да користите одредени функции како што се операциите за датотеките. Доколку се случи ова, извршете ги операциите од Remote UI прикажан од компјутерот или од контролниот панел на уредот.
Ако поставките за прокси-сервер се поставени со помош на поставките за Wi-Fi на мобилниот терминал, не може да се прикаже Remote UI на регистрираниот уред со помош на Wi-Fi Direct. Во тој случај, проверете го статусот на уредот прикажан на Remote UI од компјутерот или на контролниот панел на уредот.