Функцијата [Release and Print] (ослободи и печати) не може да се користи

Ако се прикаже „HTTP 404 Not Found“
Проверете го следното.
Дали уредот заврши со активирањето?
Ако не се активирал целосно, повторно допрете [Release and Print] (ослободи и печати) aоткако уредот ќе се активира целосно.
Ако се прикаже порака за грешка
Проверете го следното.
Дали „_“ е дел од името на DNS на уредот?
Ако уредот што го користите е регистриран во оваа апликација, како име на DNS наместо како IP адреса, комуникацијата со уредот може да прекине ако „_“ е дел од името на DNS.
Проверете го името на DNS во списокот со уреди на екранот [Select Printer] (избери печатач). Ако „_“ е дел од името на DNS што се прикажува под името на уредот, како на пример во „device_01.aaa.bbb.com“, повторно регистрирајте го уредот што го користите така што рачно ќе го пребарате преку неговата IP адреса.
Дали Remote UI е поставено на [Administrator Authentication Mode] (режим за проверка на идентитет на администраторот)?
Ако опцијата [Authentication Mode] (режим за проверка на идентитет) на Remote UI којашто ја користите е поставена на [Administrator Authentication Mode] (режим за проверка на идентитет на администраторот), тогаш нема да можете да се пријавите на уредот преку мобилен терминал. За повеќе детали, обратете се кај администраторот на уредот.
Лозинка за администраторски привилегии
Ако лозинката за пријавување со администраторски привилегии на уредот што го користите е зададената лозинка, тогаш нема да можете да се пријавите на уредот. Во тој случај, променете ја лозинката.
Дали користите уред којшто е регистриран во Wi-Fi Direct преку наведување на поставките за прокси-сервер со помош на поставките за Wi-Fi на мобилниот терминал?
Ако поставките за прокси-сервер се поставени со помош на поставките за Wi-Fi на мобилниот терминал и сте поврзани со уредот со помош на Wi-Fi Direct, екранот за ослободување и печатење не може да се прикаже. Извршете ги операциите од контролниот панел на уредот или повторно поврзете се со уредот со помош на друг метод освен Wi-Fi Direct.
Ако податоците за печатење не се прикажуваат
Проверете го следното.
Дали поставките за [User Information] (кориснички информации) се точни?
На екранот [User Information] (кориснички информации), поставете го корисничкото име и името на доменот што го искористивте за задршка на податоците за печатење.
Кога се пријавувате како корисник на доменот, проверете дали [User Information] (кориснички информации) > [Use the domain name when logging in to the printer] (користи име на домен при пријавувањето на печатачот) е вклучено.
Дали поставките на уредот се точни?
Ако поставките на уредот се поставени за да не ги прикажуваат податоците за печатење, тогаш податоците за печатење нема да се прикажат.
Дали времето на задршка изминало?
Ако времето на задршка на податоците за печатење изминало, тогаш податоците за печатење се избришани.
Дали некој друг корисник ги избришал податоците за печатење?
Ако податоците за печатење се категоризирани како [Shared] (споделени) или [Group] (групирај), тогаш можно е некој друг корисник да ги отпечатил или избришал податоците за печатење.