Ограничувања за прегледување и печатење документи

Ако печатите PDF датотека што нема вметнати фонтови, тогаш таа може да се отпечати со различни фонтови. Во таков случај, резултатите ќе може да ги подобрите со користење на Data Conversion Service.
Ако прегледот не се прикажува соодветно за време на печатењето PDF документи, резултатите ќе може да ги подобрите со користење на Data Conversion Service.
PDF документите коишто се шифрирани со 256-битно шифрирање, шифрирање со дигитален сертификат итн. не може да се прегледува и печати со Canon PRINT Business. За да прегледувате и печатите со Canon PRINT Business, променете го нивото на шифрирање на PDF документот преку компјутерот.
Исто така, може да изберете апликација за приказ на прегледите со допирање на иконата за датотеки на екранот за преглед на документи.