Податоците не се отпечатени во согласност со поставките за печатење

Доколку уредот којшто го користите не ги поддржува функциите прикажани на екранот [Print Settings] (поставки за печатење), тие поставки нема да се применат.
Доколку функциите не се поддржани од уредот кој го користите, се извршува следната операција.
[Output Method] (излезен метод) > [Store] (складирај)
За уреди кои не поддржуваат складирање во поштенското сандаче на корисникот, се извршува нормално печатење.
[Output Method] (излезен метод) > [Secure Print] (безбедно печатење)
За уреди кои не ја поддржуваат функцијата Secure Print, се извршува нормално печатење.
[Dept. ID Mgt.] (ID за управување со оддел) > [On] (вклучено)
За уреди кои не ја поддржуваат функцијата управување со ID на оддел, се извршува нормално печатење.
ЗАБЕЛЕШКА
За да ја користите функцијата управување со ID за оддели, потребно е да ја овозможите функцијата управување со ID за оддели на уредот. За повеќе детали проверете во прирачниците кои се испорачани со уредот.
[Output Size] (големина на излезен резултат)
Доколку наведете големина на хартија која не е поддржана од уредот, задачите за печатење се печатат на друга големина на хартија, или пак на контролниот панел од уредот ќе се прикаже порака за потврда на хартијата.
[Select Color] (избери боја) > [Color] (боја)
За уреди кои не поддржуваат печатење во боја, поставките не се применуваат и задачите за печатење се печатат во црно-бел формат.
[2-Sided] (2-страно) > [On] (вклучено)
За уреди кои не поддржуваат 2-страно печатење, поставките не се применуваат и задачите за печатење се печатат на една страна од листот.
[Staple] (захефтување) > [On] (вклучено)
За уреди кои не поддржуваат единица за захефтување, поставките не се применуваат и задачите за печатење се печатат без захефтување.
Дури и ако користите уред со прикачена единица за завршна обработка која поддржува захефтување, за големина на страница која не е LTR или A4, задачите за печатење може да се извршат без захефтување.
ЗАБЕЛЕШКА
Прикажаните поставки се разликуваат за секој уред.
Кога уредот поддржува собирање информации за конфигурацијата, доколку ја користите функцијата [Select Printer] (избери печатач) > [Printer Details] (детали за печатачот) > [Update Printer Information] (ажурирање на информациите за печатачот), може да ги прикажете елементите коишто соодветствуваат на функциите од уредот на екранот [Print Settings] (поставки за печатење). Доколку информациите за конфигурацијата на уредот не може да се добијат, сите елементи ќе се прикажат на екранот [Print Settings] (поставки за печатење).