Решавање други проблеми
Ако се појават проблеми што не се поврзани со поврзувањето на печатачот, печатењето и скенирањето, обидете се со следниве решенија.
Проблем при извршувањето задачи од паметниот телефон
Следете го упатството во пораката прикажана кога се извршила задачата за копирање, скенирање или испраќање факс.
Порака 1.
The job has been canceled because the printer was being used, or a timeout occurred.
Решение
Најавете се на печатачот пред да ја извршите операцијата или променете ги поставките за визуелни пораки на печатачот.
Порака 2.
Could not perform the job because the job settings on the printer are incorrect, or another operation was being processed.
Решение
Проверете ги поставките на печатачот и променете ги поставките што се во конфликт со поставките за задачата наведена во апликацијава.
Порака 3.
Cannot perform the operation from the screen currently displayed on the printer. Open one of the following screens, and then perform the operation again
Може да дојде до проблемов ако следниве две нешта се точни.
Ако проверувањето на идентитетот на корисникот е овозможено на печатачот
Ако [Login Screen Display Settings] > [Display When Function Is Selected] е поставено на печатачот
Решение
Ракувајте со апликациајва откако ќе прикажете еден од следниве екрани на контролниот панел на печатачот.
Main Menu/Home
Mobile Portal
Функциите не се враќаат на претходната состојба откако ќе заврши повикот
Причина
Некои функции не се враќаат на претходната состојба откако ќе заврши повикот.
Следниве функции може да не се вратат во состојбата во којашто биле пред повикот (или се откажани) откако ќе помине одредено време.
Скенирање
Поставување во складот на облакот/преземање од складот на облакот/преглед на податоци од облакот
Печатење
Решение
Повторно извршете ја функцијата.
Се прикажува несоодветна предупредувачка порака

Причина
Достапниот капацитет на складот на паметниот телефон се приближува до нула.
Решение
Користете ја апликацијава откако ќе ги избришете непотребните податоци.
Прегледот се прикажува неточно кога апликацијава е повикана од менито за споделување на друга апликација

Причина
Апликацијава веќе се извршува.
Решение
Затворете ја апликацијава пред да го користите менито за споделување на другата апликација.
Апликацијава е бавна или не функционира како што треба

Причина 1.
И мобилната комуникација и Wi-Fi се овозможени во мрежните поставки на паметниот телефон.
Решение
Променете ги мрежните поставки на паметниот телефон според функцијата што сакате да ја користите.
Кога пребарувате печатач или скенирате: Оневозможете ја мобилната комуникација
Кога користите услуга што бара интернет-врска, како Data Conversion Service (Услуга за конвертирање податоци): Оневозможете Wi-Fi
Причина 2.
Функција за заштеда на енергија или функција за ограничување на користењето на апликациите во заднина е овозможена на паметниот телефон.
Ваквите функции може да го попречуваат обработувањето на апликацијава или да го ограничат обработувањето на податоците во заднина.
Решение
Оневозможете ги.
Поврзани теми