Печатење фотографии од фотоалбуми

Можете да избирате и печатите слики од фотоалбуми.

Процедури

Избирање на фотографиите што сакате да ги печатите

1.На почетниот екран на Canon PRINT Business, допрете на [Documents].
2.Допрете на [Print from Photo Albums].
3.Изберете ги сликите што сакате да ги печатите.
4.Допрете на [Select]/[Use] во зголемениот преглед.
5.Ако сакате да печатите повеќе слики, повторете ги чекорите 3-4.
Можете да изберете најмногу 20 слики истовремено.
6.Допрете на [Preview].
Ќе се прикаже екранот за [Preview].

Печатење на избраната датотека

1.Допрете [Printer] и изберете го уредот што ќе се користи за печатење.
2.Допрете ги поставките за печатење за да ги промените.
3.Погледнете го прегледот на екранот [Preview].
За да ја проверите втората страница и следните страници
Со допирање на малата сликичка се прикажува зголемен преглед. Ако печатите датотека со повеќе страници, втората страница и последователните страници може да се погледнат во поголеми димензии.
За да избришете непотребни страници
Со допирање на малата сликичка се прикажува зголемен преглед. Прикажете ги непотребните страници и допрете [].
4.На екранот [Preview], допрете на [Print].

Резултат

Избраната фотографија ќе се отпечати.

Поврзани теми