Управување со корисниците за печатење
Може да управувате со печатењето преку функцијата за управување со ID на одделот или со функцијата за проверка на идентитетот на корисникот.
Предуслови
Уредот што го користите ја поддржува функцијата за управување со ID на одделот/проверка на идентитетот на корисникот.
Функцијата за управување со ID на одделот/проверка на идентитетот на корисникот се овозможува на уредот.
ЗАБЕЛЕШКА |
За повеќе детали проверете во прирачниците кои се испорачани со уредот. Проверката на идентитетот на корисникот ги користи локалните кориснички информации регистрирани на уредот. |
Процедури
Избирање на датотеката што сакате да ја печатите
1.Прикажете ја датотеката што сакате да ја отпечатите на екранот за преглед на документи.
2.Допрете на [
/b_drv_print_icon_C.jpg)
].
3.За Microsoft Excel датотеки (xls и xlsx), на екранот за избирање листови, изберете го листот којшто сакате да го отпечатите → допрете на [Preview].
Ќе се прикаже екранот за [Preview].
Печатење на избраната датотека
1.Допрете [Printer] и изберете го уредот што ќе се користи за печатење.
2.Допрете на поставките за печатење → допрете на [Authentication Mode].
3.Допрете на иконата за детали за [Dept. ID Mgt.]/[User Authentication].
4.Конфигурирајте ги поставките за управување со корисниците.
[Dept. ID Mgt.]
[Department ID]/[PIN]:
Внесете ја вредноста што е поставена во уредот.
[User Authentication]
[User Name]/[Password]:
Внесете ја вредноста што е поставена во уредот.
[Confirm Department ID/PIN When Printing]:
Кога оваа функција е овозможена, во апликацијата се прикажува дијалог-рамка за потврдување/поставување на информациите за проверка на идентитетот за да се изврши печатењето.
5.Вратете се на екранот [Print Settings] > [Preview].
6.На екранот [Preview], допрете на [Print].
Резултат
Печатењето на избраните податоци се управува со методот што ќе го поставите.
Поврзани теми