Не може да се изврши скенирање
Доколку не можете да скенирате, проверете го следното.
Дали поставеното име на датотеката во уредот е составено од букви/броеви од еден бајт?
Ако скенирате преку imageRUNNER ADVANCE со функцијата [Scan and Send] и ако поставите име на датотека во уредот што содржи знаци од два бајта, дијакритички знаци, како прегласи и/или акценти, или одредени симболи, оваа апликација не може да ги прими податоците правилно и на уредот ќе се прикаже порака за грешка за неуспешен пренос.
Кога назначувате име на датотеката на уредот, внесете име на датотеката со користење алфанумерички знаци со еден бајт или симболи со еден бајт (ASCII знаци).
Дали резолуцијата на скенираните податоци е премногу голема?
Доколку скенирате податоци со поставување за висока резолуција, операциите на оваа апликација може да станат нестабилни. За да ги стабилизирате операциите, намалете ја резолуцијата при скенирањето.
Дали поставките за управување на уредот се точни?
Ако [Management Settings] > [License/Other] > [MEAP Settings] > [Use SSL]/[Use TLS] е поставено на [On] на imageRUNNER ADVANCE уред и верзијата на сертификатот којашто се користи е „X.509v1“, можеби нема да може да ги конфигурирате поставките за скенирање на мобилниот терминал дури и за уредите коишто поддржуваат [Scan for Mobile] или уредите со инсталирана Canon Mobile Scanning MEAP Application.
Поставете го [Use SSL]/[Use TLS] како [Off] или променете ја верзијата за автентикација на „X.509v3“ или понова. За повеќе детали консултирајте се со администраторот на уредот.
Дали мрежните поставки на уредот се точни?
Ако поставите [On] за [Preferences] > [Network] > [TCP/IP Settings] > [Proxy Settings] на imageRUNNER ADVANCE уредот, скенирањето може да не функционира како што треба. Во таков случај, поставете ја функцијата на [Off] и скенирајте повторно.