Регистрирање на уредот (регистрирање со QR код)

Можете да регистрирате уреди што ќе се користат за скенирање, печатење итн. Тука е објаснет методот за регистрирање уреди преку скенирање на QR кодот што се прикажува на уредот преку мобилен терминал.

Предуслови

Бројот на регистрирани уреди не ја достигнал максималната граница.
На оваа апликација може да се регистрираат до 10 уреди. Доколку се регистрирани вкупно 10 уреди, пребарувајте уреди откако ќе ги избришете регистрираните уреди.
Уредот што го користите ја поддржува функцијата за приказ на QR код.
На мобилниот терминал е прикачена задна камера.

Кога поврзувате уред преку директна врска

Функцијата [Direct Connection] (директно поврзување) е отворена на уредот.

Процедури

Прикажување на QR кодот во уредот

1.Приказ на QR кодот од [Mobile Portal] (мобилен портал).

Скенирање на QR кодот со мобилен терминал

1.Допрете [] во горниот лев агол од почетниот екран на Canon PRINT Business.
Ќе се прикаже екранот [Select Printer] (избери печатач).
2.Допрете на [QR Code] (QR код).
Кога ќе се прикаже екранот на функцијата [Usage] (користење)
Проверете ја содржината и допрете [Continue] (продолжи).
3.Позиционирајте го QR кодот во границите прикажани на екранот на камерата.
Кога ќе го позиционирате QR кодот во границите, апликацијата автоматски ќе го скенира QR кодот.
Ако се прикаже екран со поставки за Wi-Fi мрежа
Конфигурирајте ги поставките според инструкциите на екранот.

Резултат

Уредот се регистрира на списокот на екранот [Select Printer] (избери печатач).
ЗАБЕЛЕШКА
Уредот може да го регистрирате и од екранот за печатење [Preview] (преглед). Допрете на [Printer] (печатач) на екранот [Preview] (преглед) за да се прикаже екранот [Select Printer] (избери печатач).

Поврзани теми