Регистрирање на уредот (регистрирање со Wi-Fi Direct)

Можете да пребарувате и регистрирате уреди што ќе се користат за скенирање, печатење итн. Тука е објаснет методот за регистрирање уред преку Wi-Fi Direct.

Предуслови

Бројот на регистрирани уреди не ја достигнал максималната граница.
На оваа апликација може да се регистрираат до 10 уреди. Доколку се регистрирани вкупно 10 уреди, пребарувајте уреди откако ќе ги избришете регистрираните уреди.
Мобилниот терминал и уредот којшто го користите поддржуваат Wi-Fi Direct.
Wi-Fi Direct се овозможува и се вклучува во поставките за уредот којшто го користите.
Информациите за положбата се овозможуваат во [App Settings] (поставки за апликацијата) > [Use Wi-Fi Direct Printer] (користи го печатачот на Wi-Fi Direct).

Процедури

Вклучување Wi-Fi Direct со мобилен терминал

1.Отворете го екранот на Wi-Fi Direct од екранот со поставки за Wi-Fi од оперативниот систем на мобилниот терминал и изберете уред којшто ќе се користи од откриените Wi-Fi Direct уреди.

Овозможување поврзување со уред

1.Кога уредот ќе прими барање за поврзување од мобилен терминал, пораката за тоа се прикажува на екранот од уредот. Во тој случај, ракувајте со уредот за да се овозможи поврзување.

Регистрирање на уредот

1.Допрете [] во горниот лев агол од почетниот екран на Canon PRINT Business.
Ќе се прикаже екранот [Select Printer] (избери печатач).
2.Допрете на [Auto Search (Wi-Fi)] (автоматско пребарување (Wi-Fi)).
Ќе се прикажат пронајдените уреди.
3.Изберете го уредот.
4.Потврдете ги информациите за уредот во прикажаната дијалог-рамка → допрете [Add] (додај).

Резултат

Уредот се регистрира на списокот на екранот [Select Printer] (избери печатач).
ЗАБЕЛЕШКА
Уредот може да го регистрирате и од екранот за печатење [Preview] (преглед). Допрете на [Printer] (печатач) на екранот [Preview] (преглед) за да се прикаже екранот [Select Printer] (избери печатач).

Поврзани теми