Ажурирање на фирмверот серија imageCLASS/i-SENSYS

Во зависност од моделот на уредот, може да биде потребно да го ажурирате фирмверот.
Кога ќе се прикаже порака којашто бара да го ажурирате фирмверот, направете го тоа согласно следниве методи.
ЗАБЕЛЕШКА
За серијата imageRUNNER ADVANCE нема потреба да го ажурирате фирмверот.
Ако функцијата [Enable Canon Mobile Scanning] (овозможи скенирање за мобилен на Canon) на уредот е поставена на [Off] (исклучено) кога ќе го ажурирате фирмверот што ја поддржува оваа апликација, ќе се прикаже порака којшто бара да го ажурирате фирмверот кога го регистрирате уредот. Кога ја користите оваа апликација, поставете [Enable Canon Mobile Scanning] (овозможи скенирање за мобилен на Canon) како [On] (вклучено). Ако нема поставки за [Enable Canon Mobile Scanning] (овозможи скенирање за мобилен на Canon) на уредот којшто го користите, поставете ги [Dedicated Port Settings] (назначени поставки за портата) на [On] (вклучено).

Постојат два метода за ажурирање на фирмверот.
Проверете ја локацијата за поддршка за оваа апликација и искористете го методот кој одговара на моделот на уредот кој го користите.
Ажурирање преку интернет
Преземете го фирмверот од интернет во повеќефункционалниот уред кој го користите, без да користите компјутер (Windows/Mac), а потоа ажурирајте го фирмверот.
Повеќефункционалниот уред треба да биде поврзан на интернет.
Во зависност од моделот на уредот, ажурирањето преку интернет може да не биде поддржано.
Ажурирање преку компјутер (Windows/Mac)
Преземете го фирмверот во компјутерот (Windows/Mac) од веб-страницата на Canon, а потоа ажурирајте го фирмверот.
Повеќефункционалниот уред и компјутерот треба да се поврзани преку LAN или USB.
ЗАБЕЛЕШКА
За информации во врска со потребното опкружување на системот, погледнете во „User Support Tool Operation Guide“.

За повеќе информации за ажурирањето
Проверете ја локацијата за поддршка на оваа апликација.
1.Допрете [] > [Help] (помош) во горниот десен агол на почетниот екран за Canon PRINT Business → допрете на врската до локацијата за поддршка на горната страница.
2.На локацијата за поддршка, прикажете ја страницата за ажурирање на фирмверот и следете ги инструкциите.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако сакате да ажурирате преку компјутер (Windows/Mac), преземете го фирмверот на компјутерот од веб-локацијата на Canon, па ажурирајте го фирмверот. Пристапете до локацијата за поддршка на оваа апликација од компјутерот и следете ја процедурата опишана на страницата за ажурирање на фирмверот.
До локацијата за поддршка може да пристапите и така што ќе ја препратите URL на компјутер од мобилниот терминал на следниов начин.
1.Прикажете ја локацијата за поддршка, изберете го менито за споделување во прегледувачот, па изберете ја апликацијата за испраќање е-пораки.
2.Испратете URL на дестинација на е-пошта како референца за компјутерот.
3.Погледнете ја е-пораката од компјутерот и прикажете ја локацијата за поддршка во прегледувач.