Уредот не е откриен

Кога ќе откриете уреди преку екранот [Select Printer] (избери печатач) > [Auto Search (Wi-Fi)] (автоматско пребарување (Wi-Fi))/[Nearby Printers] (печатачи во близина), откриените уреди се наведуваат по редоследот на којшто се откриваат. Процесот на пребарување уреди обично трае 10 секунди.
Доколку внесете IP адреса на погрешен DNS сервер во поставките за Wi-Fi на мобилниот терминал, времето истекува при процесот на преземање на името на главниот компјутер, па затоа процесот на пребарување уреди може да потрае одреден временски период.
Доколку уредот не е откриен по процесот на пребарување, може да се открие ако повторно го извршите процесот на пребарување. Доколку целниот уред сè уште не е откриен и по повторното пребарување, проверете го следното:
ЗАБЕЛЕШКА
Доколку уредот не е откриен дури и откако ќе го потврдите следното, рестартирајте го мобилниот терминал. Уредот можеби ќе биде откриен.
Доколку уредот сè уште не е откриен, консултирајте се со вашиот администратор на мрежата околу мрежното опкружување.
Поддржани уреди
Дали уредот којшто го користите поддржува Canon PRINT Business?
Проверете го списокот со поддржани уреди на страницата за поддршка на Canon PRINT Business.
Мрежно опкружување (ако името на уредот го одредува DNS серверот)
Дали IP адресата на уредот е правилно регистрирана на табелата за резолуција на името на DNS серверот (нормална/обратна резолуција)?
Дури и доколку ги промените содржините на табелата за резолуција на името, за да се одразат промените на мобилниот терминал ќе биде потребен одреден временски период. Доколку се случи ова, рестартирајте го терминалот или исклучете го, а потоа повторно поврзете се на Wi-Fi мрежата.
Метод на пребарување
Дали може да го откриете уредот од [Select Printer] (избери печатач) > [Manual Search (Wi-Fi)] (рачно пребарување (Wi-Fi))?
Во зависност од мрежното опкружување на коешто е поврзан мобилниот терминал, уредот може да не се открие преку [Select Printer] (избери печатач) > [Auto Search (Wi-Fi)] (автоматско пребарување (Wi-Fi)). Доколку се случи ова, потребно е да извршите рачно пребарување.
Дали може да го откриете уредот кога рачно пребарувате уреди со внесување на FQDN (форматот којшто ги вклучува името на главниот компјутер, името на поддоменот и името на доменот)?
<FQDN примерок за внес>
Доколку името на главниот уред е „device01“, името на поддоменот е „aaa“, а името на доменот е „bbb.com“:
device01.aaa.bbb.com
Мрежни поставки на мобилниот терминал
Дали Wi-Fi е вклучено на вашиот мобилен терминал?
Дали е поставено HTTP прокси на вашиот мобилен терминал?
Ако користите HTTP прокси-сервер, поставете го во [App Settings] (поставки за апликацијата) > [Proxy Settings] (поставки за прокси) во оваа апликација.
Ако не користите HTTP прокси-сервер, променете ги поставките за Wi-Fi на мобилниот терминал за да определите дека не користите прокси-сервер или наведете ја IP адресата или името на DNS (FQDN) за уредот што ќе се користи како централен уред што не употребува прокси-сервер. За повеќе детали консултирајте се со вашиот администратор на мрежата.
Дали функцијата Bluetooth е вклучена?
Ако користите Bluetooth за пребарување уреди, вклучете Bluetooth во мобилниот терминал.
Исто така, имајте го предвид следното.
Дали го држите терминалот хоризонтално?
Дали сензорот за Bluetooth не е скриен?*
* Локацијата на сензорот за Bluetooth се разликува во зависност од терминалот. Постои можност да се поврзете ако го промените начинот на кој го држите терминалот.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако не може да се поврзете преку Bluetooth кога проблемите наведени погоре не постојат, може да се поврзете со повторно поврзување од предната страна на уредот.
Ако сте ја активирале функцијата [Initialize All Data/Settings] (иницијализирај ги сите податоци/поставки) во [Management Settings] (поставки за управување) > [Data Management] (управување со податоци) во уредот, тогаш, во списокот на уреди поврзани преку Bluetooth во поставките за мобилниот терминал, избришете го уредот што е иницијализиран и повторно регистрирајте (спарете) го уредот во оваа апликација.
Мрежни поставки за оваа апликација
Дали името за SNMP заедницата поставено во [App Settings] (поставки за апликацијата) > [SNMP Community Name] (име на SNMP заедница) одговара на поставката од уредот?
Мрежни поставки на уредот
Дали параметарот за SNMPv1 е поставен на [On] (вклучено)?
Дали адресата на капијата е поставена правилно?
Дали подмрежната маска е поставена правилно?