Не може да се изврши скенирање

Доколку не можете да скенирате, проверете го следното.
Дали поставеното име на датотеката во уредот е составено од букви/броеви од еден бајт?
Ако скенирате преку imageRUNNER ADVANCE со функцијата [Scan and Send] (скенирај и испрати) и ако поставите име на датотека во уредот што содржи знаци од два бајта, дијакритички знаци, како прегласи и/или акценти, или одредени симболи, оваа апликација не може да ги прими податоците правилно и на уредот ќе се прикаже порака за грешка за неуспешен пренос.
Кога назначувате име на датотеката на уредот, внесете име на датотеката со користење алфанумерички знаци со еден бајт или симболи со еден бајт (ASCII знаци).
Дали мрежните поставки на уредот се точни?
Ако поставите [On] (вклучено) за [Preferences] (претпочитани вредности) > [Network] (мрежа) > [TCP/IP Settings] (поставки за TCP/IP) > [Proxy Settings] (поставки за прокси) на imageRUNNER ADVANCE уредот, скенирањето може да не функционира како што треба. Во таков случај, поставете ја функцијата на [Off] (исклучено) и скенирајте повторно.