Печатење датотеки

Печатете датотеки зачувани во мобилниот терминал или во услугата за складирање во облакот.

Предуслови

Кога печатите PDF документи директно

Кај уредите* што се компатибилни со директно печатење на PDF документи, можете да испратите PDF датотека директно во уредот и да ја отпечатите.
Уредот што го користите нуди компатибилност за директно печатење на PDF.*
* [] се прикажува на екранот [Select Printer].
На екранот [Printer Details] > [Printer Settings] > [Print Options], [PDF Direct Print] е вклучено.
ЗАБЕЛЕШКА
Кај уреди различни од горенаведените, процесот на рендерирање се извршува за печатење во оперативниот систем на мобилниот терминал.

Процедури

Избирање на датотеката што сакате да ја печатите

1.На почетниот екран на Canon PRINT Business, допрете на [Documents].
2.Допрете на [Files].
3.Изберете ја датотеката за печатење на прикажаниот екран за избор на датотеки.
Кога ќе изберете PDF датотека и ако се појави пораката [This document is password protected.], внесете ја лозинката која е поставена во PDF документот.
Ќе се прикаже екранот за преглед на документот.
4.На екранот за преглед, допрете [].
5.За Microsoft Excel датотеки (xls и xlsx), на екранот за избирање листови, изберете го листот којшто сакате да го отпечатите → допрете на [Preview].
Ќе се прикаже екранот за [Preview].

Печатење на избраната датотека

1.Допрете [Printer] и изберете го уредот што ќе се користи за печатење.
2.Допрете ги поставките за печатење за да ги промените.
3.Погледнете го прегледот на екранот [Preview].
За да ја проверите втората страница и следните страници
Со допирање на малата сликичка се прикажува зголемен преглед. Ако печатите датотека со повеќе страници, втората страница и последователните страници може да се погледнат во поголеми димензии.
За да избришете непотребни страници
Со допирање на малата сликичка се прикажува зголемен преглед. Прикажете ги непотребните страници и допрете [].
За корекција на слики
Ако прегледувањето на Microsoft Office датотеката не се прикажува соодветно или распоредот е измешан, сето тоа може да се подобри со користење на Data Conversion Service. Ако сакате да користите Data Conversion Service, допрете на [Image Correction].
Извршете [Image Correction] откако ќе ги завршите поставките за печатење.
Ако користите Data Conversion Service за да отпечатите Excel датотека, сите листови ќе се отпечатат дури и ако го изберете листот што сакате да го отпечатите при избирање на датотеката. По конверзијата на податоците, избришете ги несаканите страници на екранот [Preview].
4.На екранот [Preview], допрете на [Print].

Резултат

Избраната датотека се отпечати.

Поврзани теми