Функции што можат да користат NFC

Ако уредот и мобилниот терминал што ги користите поддржуваат NFC, можете да ја активирате апликацијата, да изберете уред, да печатите податоци и да испратите дестинација во функцијата [Scan and Send] (скенирај и испрати) / [Scan] (скенирај) на уредот, со допирање на ознаката NFC на уредот. Ако поставките за Wi-Fi на мобилниот терминал се оневозможени, тие автоматски ќе се овозможат и мобилниот терминал ќе се поврзе на Wi-Fi мрежата. [] се прикажува на екраните каде што можат да се користат функциите на апликацијата кои поддржуваат NFC.
Ако користите уред што не поддржува директно поврзување, уредот и мобилниот терминал мора да бидат поврзани на истата мрежа.
Следните функции се компатибилни со NFC.
Активирање на апликацијата
Ако ја допрете ознаката NFC на уредот кога апликацијата не е активирана, тогаш апликацијата ќе се активира и допрениот уред ќе се регистрира/избере.
Избирање уред
Ако ја допрете кога апликацијата е активирана, допрениот уред ќе се регистрира/избере.
Печатење на прегледаните податоци
Ако ја допрете кога податоците се прикажани на екранот за преглед на документи или екранот [Preview] (преглед), тогаш допрениот уред ќе ги отпечати податоците. Ќе се применат поставките за печатење што биле избрани при последното печатење. Ако изберете друг печатач во однос на последното печатење, тогаш податоците ќе се отпечатат според зададените поставки.
Испраќање на дестинацијата на функцијата [Scan and Send] (скенирај и испрати) / [Scan] (скенирај) до уред
При внесувањето дестинација за функцијата [Scan and Send] (скенирај и испрати) / [Scan] (скенирај) на уредот, со допирање на уредот во состојба во којашто е внесена дестинацијата на екранот [Other Functions] (други функции) > [Provide Address] (наведи адреса) > [Provide Address] (наведи адреса) од оваа апликација, дестинацијата се испраќа до допрениот уред.
ЗАБЕЛЕШКА
За да користите NFC треба да ја овозможите опцијата NFC во поставките на мобилниот терминал. Ако функцијата NFC е исклучена во поставките за мобилниот терминал, со допирање [], па [OK] (во ред) на прикажаната дијалог-рамка, ќе се прикаже екранот со поставки.
Можете да регистрирате најмногу 10 уреди во апликацијата. Ако се прикаже [Cannot register any more printers. Delete printers, and then try to register the printer again.] (Не може да регистрирате повеќе печатачи. Избришете неколку, па обидете се да го регистрирате печатачот повторно.), повторно допрете го уредот откако ќе избришете уред на екранот [Select Printer] (избери печатач).

Поврзани теми