Скенирање (серија imageRUNNER ADVANCE, при користење на функцијата [Scan and Send] (скенирај и испрати))

Може да примате скенирани податоци на мобилниот терминал со помош на функцијата [Scan and Send] (скенирај и испрати) на повеќефункционалниот уред.

Процедури

Проверка на името на главниот мобилен терминал

1.Допрете [] во горниот лев агол од почетниот екран на Canon PRINT Business и регистрирајте/изберете го уредот што сакате да го користите.
2.На почетниот екран на Canon PRINT Business, допрете на [Scan] (скенирај).
3.На екранот за скенирање, изберете [Host Name] (име на главниот компјутер).

Скенирање оригинален документ со уредот

1.Ставете го оригиналот врз стаклениот сад или механизмот за снабдување.
2.Притиснете [Scan and Send] (скенирај и испрати) → [New Destination] (нова дестинација).
3.Притиснете [File] (датотека).
4.На екранот [File] (датотека), поставете ја дестинацијата.
[Protocol] (протокол):
Изберете [WebDAV].
[Host Name] (име на главниот компјутер):
Внесете го името на главниот компјутер прикажано на екранот [Scan] (скенирај) од Canon PRINT Business.
5.Притиснете [OK] (во ред).
6.Променете ги поставките за скенирање.
7.Притиснете [] (Start).

Резултат

Скенираните податоци ќе се зачуваат и ќе се прикаже дијалог-рамка за завршен прием на податоците во Canon PRINT Business.
Екранот за прегледување документи ќе се прикаже ако допрете [OK] (во ред).

JPEG/PDF

Сликата ќе се прикаже на екранот за преглед на документи.

TIFF/OOXML/XPS

Може да изберете апликација за приказ на прегледите со допирање на иконата за датотеки.
ЗАБЕЛЕШКА
За да прегледате датотека од TIFF/OOXML/XPS формат, во мобилниот терминал мора да се инсталира соодветна апликација.
Ако изберете [OOXML] за форматот на датотека додека скенирате, тогаш нема да можете да ги отворите скенираните податоци со други апликации. Во тој случај, повторете го скенирањето во друг формат на датотека.

Поврзани теми