Скенирање (серија imageRUNNER ADVANCE)

Можете да примате податоци скенирани со повеќефункционален уред на вашиот мобилен терминал.
Кај серијата imageRUNNER ADVANCE, може да ги конфигурирате поставките за скенирање и да скенирате од мобилен терминал со помош на функцијата [Scan for Mobile] (скенирање за мобилен) на повеќефункционалниот уред.
Ако не може да ја користите функцијата [Scan for Mobile] (скенирање за мобилен), тогаш конфигурирајте ги поставките за скенирање и скенирајте со инсталирање на бесплатната Canon Mobile Scanning MEAP Application за imageRUNNER ADVANCE.
Активирајте ја функцијата Скенирање за мобилни уреди или Canon Mobile Scanning MEAP Application од екранот на допир на повеќефункционалниот уред, а потоа извршете ја постапката преку мобилниот терминал.

Предуслови

Кога се користи функцијата [Scan for Mobile] (скенирање за мобилен)

Функцијата [Scan for Mobile] (скенирање за мобилен) е активирана.
Ако се активира ACCESS MANAGEMENT SYSTEM, тогаш ќе се применуваат кориснички привилегии за функцијата [Scan for Mobile] (скенирање за мобилен) за пријавените корисници.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако не може да користите Scan for Mobile или Canon Mobile Scanning MEAP Application, конфигурирајте ги поставките за скенирање со помош на функцијата [Scan and Send] (скенирај и испрати) на повеќефункционалниот уред.

Процедури

Подготовка на повеќефункционалниот уред

1.Ставете го оригиналот врз стаклениот сад или механизмот за снабдување на повеќефункционалниот уред.
2.Притиснете [Scan for Mobile] (скенирање за мобилен) или [Canon Mobile Scanning] (скенирање за мобилен на Canon) на екранот на допир.
Ако иконата погоре не се прикаже, притиснете [Show All] (прикажи ги сите) во Main Menu за да го измените приказот.
3.Доколку треба да се пријавите на уредот, внесете ги корисничкото име и лозинката и пријавете се.
4.На екранот [Scan for Mobile] (скенирање за мобилен)/[Canon Mobile Scanning MEAP Application] (апликацијата Canon Mobile Scanning MEAP), потврдете ги [Device Name] (име на уредот) и [IP Address] (IP адреса).

Извршување постапки преку мобилниот терминал

1.Допрете [] во горниот лев агол од почетниот екран на Canon PRINT Business и регистрирајте/изберете го уредот што сакате да го користите.
Погледнете го името на уредот/IP адресата прикажана на екранот [Scan for Mobile] (скенирање за мобилен)/[Canon Mobile Scanning MEAP Application] (апликацијата Canon Mobile Scanning MEAP) на повеќефункционалниот уред.
2.На почетниот екран, допрете на [Scan] (скенирај).
3.На екранот [Scan] (скенирај), конфигурирајте ги поставките за скенирање.
4.Допрете на [Scan] (скенирај).
Кога скенирате со стаклен сад
Екранот за потврда ќе се прикаже на контролниот панел на повеќефункционалниот уред.
Ако сакате да продолжите да скенирате:
Поставете го оригиналот → притиснете [] (Start).
Ако сакате да завршите со скенирање:
Притиснете [Start Sending] (започни испраќање).
ЗАБЕЛЕШКА
При скенирање на двете страни на оригиналот со помош на механизам за снабдување, за подредување на ориентацијата на парни и непарни страници, поставете ја функцијата [2-Sided Original] (2-стран оригинал) да соодветствува со насоката на спојување во оригиналот.
Меѓутоа, кај уредите кај кои се прикажува [] на екранот [Select Printer] (избери печатач), поставете [2-Sided Original] (2-стран оригинал) на следниот начин кога скенирате оригинали во хоризонтална ориентација.
За двострани оригинали во вид на книги со спојување на пократкиот раб: [Calendar Type] (во вид на календар)
За двострани оригинали во вид на календар со спојување на подолгиот раб: [Book Type] (во вид на книга)

Резултат

Скенираните податоци ќе се зачуваат и ќе се прикаже екранот за преглед на документи.

JPEG/PDF

Сликата ќе се прикаже на екранот за преглед на документи.

TIFF/OOXML

Може да изберете апликација за приказ на прегледите со допирање на иконата за датотеки.
ЗАБЕЛЕШКА
За да прегледате датотека од TIFF/OOXML формат, во мобилниот терминал мора да се инсталира соодветна апликација.
Ако изберете [OOXML (pptx)] или [OOXML (docx)] за [File Format] (формат на датотека) додека скенирате, тогаш нема да можете да ги отворите скенираните податоци со други апликации. Во тој случај, повторете го скенирањето во друг формат на датотека.

Поврзани теми