Допирање на уредот за пријавување

Може да се пријавите на уред регистриран во [Nearby Printers] (печатачи во близина) така што ќе го допрете со мобилниот терминал.

Предуслови

Во уредот е инсталирана опција која е компатибилна со Bluetooth-и која може да ја користите.
Bluetooth се вклучува во поставките за уредот којшто го користите.
Bluetooth се вклучува во поставките на мобилниот терминал.
Уредот којшто ќе се користи е регистриран на екранот [Select Printer] (избери печатач) на функцијата [Nearby Printers] (печатачи во близина).
[App Settings] (поставки за апликацијата) > [User Information] (кориснички информации) е поставено.
Но, оневозможете ја функцијата [Log in as Guest user] (пријави се како гостин).
ЗАБЕЛЕШКА
За да се пријавите на уредот така што ќе го допрете со мобилниот терминал, потребно е опкружување коешто овозможува уредот и мобилниот терминал да се поврзат преку Wi-Fi мрежа или преку директна врска.
Во зависност од уредот што го користите, може да не се открие ако го допрете со мобилниот терминал кога уредот е во режим на мирување*. Допрете го мобилниот терминал откако ќе притиснете на копчето [Energy Saver] (штедач на енергија) за да излезете од режимот на мирување.
* Режим на мирување: Контролниот панел на уредот е исклучен.

Процедури

1.На почетниот екран на Canon PRINT Business, допрете на [Other Functions] (други функции).
2.Допрете на [Printer Control Panel Login] (пријавување на контролниот панел на печатачот) на предниот дел од уредот којшто го користите.
Уредот што го користите се прикажува на екранот [Printer Control Panel Login] (пријавување на контролниот панел на печатачот).
3.Допрете го уредот за да го користите со мобилниот терминал.
ЗАБЕЛЕШКА
Ако уредот којшто го користите прикаже порака којашто вели дека уредот не е регистриран од [Printer Control Panel Login] (пријавување на контролниот панел на печатачот), допрете на [OK] (во ред) на екранот на пораката за да го прикажете екранот [Printer Control Panel Login] (пријавување на контролниот панел на печатачот). Погледнете „Регистрирање на уредот (пребарување со Bluetooth)“ за начинот на регистрирање на уредот.

Резултат

Се пријавивте на уредот.

Поврзани теми